Македонија-Бугарија

Кајчев: Нема напредок за Гоце Делчев, од 14 наши забелешки за средновековието, поминавме само три

Напредок речиси и да нема. Средбата во Скопје заврши речиси без резултат, изјави бугарскиот историчар Наум Кајчев, член на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања по вчера завршената дводневна средба во Скопје.

Кајчев за ТВ емисијата „Панорама“ на БНТ изјави дека освен тоа што нема решение за Гоце Делчев, се појавил и нов проблем.

„Тоа е непотпишувањето на протоколот од минатата, девета средба. Дискутиравме и за учебниците по историја во Република Северна Македонија за седмо одделение, т.е. за средновековието, и всушност од сите наши 14 забелешки, досега поминавме само три. Проблемите се поврзани и со медиумското покривање на овие средби и негативната реторика кон Бугарија, а тоа на некој начин се рефлектира и на работата на комисијата“, изјави Кајчев.

Тој во однос на Гоце Делчев атмосферата во комисијата ја опиша со, според него изјавата на еден од македонските историчари - „ако кажам дека Гоце Делчев е Бугарин, ќе бидам обесен на првата бандера“.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе