Протест поради судски пресуди

Кај „Мавровка“ полиција, но протестот за Монструм скршна кон Владата

Со извици „УЧК“ и широко развиорено албанско знаме предводниците на протестот за пресудите во предметот Монструм застанаа пред полицискиот кордон кај судскиот комплекс, а потоа скршнаа десно и тргнаа кон Владата. Го поминаа и подвозникот кај стоковна куќа „Мост“.

По пат учесниците во протестниот марш извикуваат „Уа за правдата" и „Илирида демократија".

Со широко раширеното огромно албанско знаме маршот се движи по булеварот. Забележливо е дека бројот на учесници во протестот е помал во споредба со последниот, а меѓу ученсниците има и жени.

Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените лица во „Монструм" ги повика граѓаните да го кренат гласот против, како што вели, неправдата во Македонија и драконските казни кои им се изрекуваат на Албанците не само во овој судски предмет, туку и во други, како што вели, монтирани судски процеси.

Планирано е тело на протестите Советот за протести во владата да достави протестен документ во кој се наведени повеќе случаи кои, според нив, укажуваат дека Албанците се онеправдани и под притисок од властите. Документ, велат, е доставен до Делегацијата на ЕУ и до амбасадата на САД во Скопје.
Последниот протест на истите учесници заврши со насилство и напади врз полицијата која не им дозволи пристап кон судскиот комплекст и со полициски кордон маршот беше запрен пред крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка".
Десетина полицајци беа повредени, а потоа беа поднесени кривични пријави против неколкумина учесници кои ги започнаа насилните напади врз силите за безбедност.

П.Џ.

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе