Каевски рече дека заштитата на слободата на изразување и медиумските слободи се еден од важните приоритети за Владата предводена од СДСМ и дека од првиот ден од мандатот се посветени на градење слободно општество каде правата и слободите на новинарите, на медиумите, се неприкосновени.
„Доказ за успешноста на тие политики се и извештаите на реномирани меѓународни организации. Од 90-тата, сега сме на 57-тата позиција на листата, далеку пред многу држави од нашето соседство. За разлика од времето на 11 годишниот режим кога бевме категоризирани како заробена држава, кога се апсеа новинари и се затвораа медиуми, денес Северна Македонија постојано напредува кога станува збор за слободата на медиумите. Институциите денес се многу повеќе транспарентни, а новинарите слободно ја вршат својата работа“, рече Каевски.
Тој додаде тоа за СДСМ и Владата е дополнителен мотив уште повеќе да ја штитат и унапредуваат слободата на говорот и изразувањето.
„Нека е честит 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите“, рече на крајот партискиот портпарол.