Прес-конференција на СДСМ

Каевски: Мицкоски вечерва беше режисерот на неуспешното сценарио за меѓуетнички конфликт

На вонредната прес-конференција во СДСМ вечерва беше кажано дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не бил потенцијална жртва, туку режисер на мрачно сценарио за вовлекување на државата во меѓуетнички конфликт, со помош на опозициските Левица и Алијанса за Албанците. Во тој контекст СДСМ ја доведе и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

„Mицкоски не е никаква жртва, туку е режисер на крваво сценарио заедно со неговите коалициски партнери Левица и Алијанса за Албанците. Крваво сценарио кое не успеа. Мицкоски не беше мета, туку вечерва ја одигра најлошата улога за државата и граѓаните. Срамно, страшно и опасно е однесувањето на опозицијата која настојува да предизвика меѓуетнички тензии, рече портпаролот на СДСМ Дарко Каевски во врска со вечерашниот инцидент на плоштадот „Скендербег" кога врз демонстрантите едно лице впери пиштол.

Каевски потоа покажа фотографија од лицето Цуфи Кока, кој требало, како што рече, да глуми напаѓач.

Кока е уапсен, рече Каевски и додаде дека негов брат е функционер од коалицискиот партнер на Мицкоски - Алијанса за Албанците.

Братот, Зуди Енузи Кока, рече портпаролот, е директор на градското комунално претпријатие и претседател на чаирскиот огранок на партијата, но нагласи, и главен во кампањата на Данела Арсовска на изборите за градоначалник на Скопје.

Потоа портпаролот покажа фотографија од Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците, па потоа и на Арсовска, па кажа дека градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е на секоја втора фотографија.

„Сѐ е лажно во ВМРО-ДПМНЕ, дури и крвавото сценарио кое не им успеа. Нивната стратегија е креирање на конфликт и внесување страв кај граѓаните. Спремни се да жртвуваат луѓе и да ја запалат државата. Нема тоа да го дозволиме. Не се во прашање меѓуетнички тензии, туку крваво сценарио на кое граѓаните никако не смеат да подлегнат. Нема да дозволиме црни сценарија, кои секако ќе бидат поразени", рече Каевски.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе