Каевски: Граѓаните да не подлегнуваат на провокациите од ВМРО-ДПМНЕ и Левица

СДСМ го осудува насилството на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ и, како што вели, проруската Левица и бара одговорност.

„Во насилствата пред Собранието повредени се 47 полицајци, од нив 11 се со потешки повреди. Насилници маскирани со качулки, со камења, шишиња, молотови коктели вчера ја нападнаа македонската полиција, во обид да го повторат упадот во Собранието од 27 април.

Целата јавност вчера на дело ја виде насилничката матрица, вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер, проруската Левица. 

Организаторите, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев, ги водеа насилните протести и кога почна насилството воопшто не се обидоа да ја смират толпата.

Досега нема ниту збор за осуда на насилството, ниту една порака за повредените полицајци“, изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Според него, Мицкоски и Апасиев денеска, најмалку што можат да направат е да им се извинат на граѓаните, да им се извинат на семејствата на полицајците и да посетат некој од повредените полицајци.

Каевски додаде дека по инцидентите мора да следува одговорност од сторителите, но и од организаторите и од оние кои го поттикнуваа насилството.

„СДСМ ги повикува граѓаните да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите и повиците за насилство на антиевропските ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, рече тој.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе