Словенечкиот амбасадор во НАТО

Кацин: Грција нема да блокира ако Македонија ги исполни условите

Амбасадорот на Словенија во НАТО, Јелко Кацин, во Брисел порача дека само од граѓаните во Македонија зависи дали земјата ќе стане членка на Алијансата.

„Одлуката во Грција е веќе усвоена, условите се на ваша страна, штом ги исполните условите очекуваме позитивен сигнал од Атина, да не добиевме позитивна порака генералниот секретар денеска немаше да може да го потпише документот и да започне пристапни преговори“, рече Јелко Кацин.

Попладнево на македонскиот премиер Зоран Заев ќе му биде директно врачена поканата за НАТО, која води до пристапни преговори со земјите-членки и ратификации од нивна страна штом на референдум поминат уставните измени предвидени во Договорот со Грција, јавува МИА.

Без тие уставни измени, како што кажа Кацин, Македонија не може да стане членка, но поканата не може да биде повлечена.

„Одлучени сме да ѝ пружиме прилика на Македонија и ќе направиме сѐ што е во наша можност да им помогнеме на граѓаните да го разберат историскиот момент после сите тие долги години блокада. На Македонија е да одлучи дали прифаќа компромис, во согласност со тој компромис да го пополни својот Устав за веќе на почетокот од следната година вашите министри да можат да бидат со нас на состаноците на НАТО“, рече Кацин.

Македонија штом ги заврши преговорите за членство, кои обично не траат повеќе од неколку месеци, ќе може да биде присутна на сите состаноци на Северноатлантскиот совет на НАТО, но без право на глас, се додека не се исполни Договорот со Грција.

 

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе