НОВ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ

Качени на камион, „шарените револуционери“ тргнаа накај Собрание (ФОТО + ВИДЕО)

Поддржувачите на движењето „Протестирам“ и на „Шарената револуција“ од 18 часот повторно се собраа на протест пред СЈО. Денеска главниот транспарент е  „Груевски на суд, одбројуваме до слобода! Уште 8 дена“. 

 

Повеќе демонстранти се качени во камион, кој заедно со насобраниот народ трна накај Собранието на Република Македонија.

„Шарената револуција" најави дека денеска протестот ќе го посвети и на починатиот карикатурист и сатиричар Дарко Марковиќ – Дар-Мар. Оттука, низ демонстрантите се забележуваат разни беџеви, маици и креации со стрип-јунакот Пецко, преку кој Дар-Мар долги години ја отсликуваше општествената и политичка состојба во државата.

Од „Шарената револуција" денес нагласија дека се ослободени нивните соборци кои беа во домашен притвор 47 дена. Ова, велат тие, претставува делумно исполнување на едно од двете барања со рок до 18 јуни кои ги поставија во понеделникот.

„Но, притисоците од МВР и Министерот Чавков се уште не се престанати. Токму вчера еден наш сограѓанин беше прекршочно казнет со казна од 2.400 евра, само затоа што пишувал на асфалтот за време на протестите во Прилеп. Остануваме силни и продолжуваме да одбројуваме! Имате уште 8 дена да ги исполните нашите барања! Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и да запре прогонот на демонстрантите, односно да се повлечат сите пријави од МВР заради учество во протестите", соопштија денеска од „Шарената револуција".

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе