По писмото упатено до Џафери

Кацарска ги нарече пратениците несериозни и прашува дали некому му одговара да не се избираат уставни судии

Односот на пратениците е несериозен, како да не ја сфаќаат улогата на Уставниот суд. Се прашувам дали некому одговара Уставниот суд да е во ваква ситуација, изјави претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска на новинарско прашање дека и по упатеното писмо од судот до претседателот на Собранието Талат Џафери. Кацарска додаде дека за жал Уставниот суд нема друг правен механизам за да реагира, освен со писмото упатено до Џафери. 

„Единствена надлежност на Уставен суд е да се обрати до Собранието, Уставниот суд во април се обрати дека на тројца судии им престанува мандатот, а во ноември јас го информирав претседателот на Собранието Талат Џафер дека уште на еден судија му престанува мандатот. Упатив писмо со апел да се изнајде начин да се изберат овие судии. Имаме деловничка надлежност да работиме и со пет судии, но тежината на одллуките кои ги носиме е поинаква ако за таа одлука дискутираат 9 судии. Има многу битни предмети за граѓаните и несериозно би било за нив да одлучуваат само 5 судии. Може да одлучуваме за сите предмети бидејќи за среќа немаме предмет за кој е потребно двотретинско мнозинство, но не е во ред за указите за Преспанскиот договор и Законот за јазиците каде е оспорена уставноста не само на указите туку на законите во целост, несериозно е одлука за нив да донесат само 5 судии“, вели Кацарска.

Ако до декември не се изберат судии, целосно ќе се блокира работата на
Уставниот суд, бидејќи уште еден судија ќе остане без мандат.

„Единствена надлежност на Уставниот суд е да се обрати до претседателот на Собранието пред да истече мандат на некој од судиите. Тоа е направено во април минатата година, кога Џафери е информиран дека на тројца судии престанува мандатот. Потоа во месец ноември испратив и писмо со кое го
информирав дека на еден судија му престанува мандатот во јануари. Тоа се моите надлежности. Јавноста знае дека испратив и писмо со апел да се најде начин да се изберат четворицата судии", посочи
Кацарска.

Ако Уставниот суд биде блокиран, според Кацарска, угледот на Уставниот суд ќе биде максимално нарушен. 

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе