Реакција

Кабинетот на Иванов: одлуката на Антикорупциска комисија за прекршочни пријави е политичка

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов најостро реагира за, како што соопштија под таму, политичката одлука на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) да поднесе прекршочни пријави против претседателот на Република Македонија и целосно ги отфрла тврдењата дека со донесувањето на указите, кои се предмет на ваквата одлука, тој постапил спротивно на законите и ги пречекорил овластувањата.

„Разочарува фактот што, и покрај тоа што до ДКСК уредно беа доставени образложенијата и законските основи врз основа на кои претседателот на Република Македонија ги донесе указите, истите не се земени предвид од страна на Комисијата, и наместо тоа, како образложение се даваат општи и непрецизни констатации без законска основа“, се вели во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Оттаму појаснуваат дека Иванов ги донел указите во согласност со Уставот и законите. 

„Во согласност со член 79 од Уставот на Република Македонија, Претседателот на Републиката е врховен командант на вооружените сили на Македонија.

Во согласност со член 18 став 1 точка 11 од Законот за одбрана, Претседателот на Република Македонија поставува старешини на формациски места генерали и унапредува и разрешува генерали.

Како врховен командант, Претседателот на Република Македонија нема обврска да бара одобренија за надлежности кои му се пропишани со закон“, се цитираат членови од Уставот во соопштението.

ДКСК, како што се наведува во соопштението, во образложението се повикува на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, кој пропишува постапка за унапредувања до чин полковник, а не генерал, која е надлежност на Претседателот на Република Македонија во  согласност со Законот за одбрана. 

„Дополнително, Законот за одбрана е системски закон, а Законот за служба во АРМ е општ закон.  Во согласност со начелото на уставност, предвидено со член 51 од Уставот на Република Македонија, јасно е каква е нормативната хиерархија во носењето на одлуките. Доколку воопшто има судир на норми меѓу двата закони, тогаш меродавни се одредбите од Законот за одбрана, а не од Законот за служба во Армијата.

 Единствена одредба во Законот за Служба во АРМ, каде се споменува унапредувањето на офицерите со формациски чин генерал, е членот 61 став 1, каде се предвидува дека офицер може да се унапреди во непосредно повисок чин, во конкретниот случај од генерал-мајор во генерал-потполковник, ако офицерот кој треба да биде унапреден поминал најмалку две години во чинот што го има. Претседателот на Република Македонија го донесе указот бр. 57 бидејќи овој критериум за генерал-мајор Васко Ѓурчиновски беше исполнет.

Во однос на системот на плати и надоместоци на плати, укажуваме дека во согласност со член 170 (1) од Законот за служба во АРМ, ова е надлежност на министерот за одбрана или од него овластено лице, а не на Претседателот на Република Македонија. 

Дополнително, би сакале да ја запознаеме јавноста дека ваквата одлука на ДКСК е контрадикторна на претходната практика која самата комисија ја воспоставила. ДКСК во 2016 година дала одговор по слична проблематика, кој е сосема спротивен на сегашните ставови. Во т.61 од Мислењето издадено во 2016 година од страна на Државната Комисија за спречување на корупцијата јасно е посочено дека во период на избори не постои законска пречка да се доставуваат предлози за именувања и/или отповикувања на амбасадори до Претседателот на Република Македонија“, се вели во соопштението.

 

 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе