Реакција на сведочењата во Кривичен суд

Кабинетот на Иванов: Ниту се разговарало, ниту се размислувало за воена или вонредна состојба

Кабинетот на претседателот на Република Македонија вечерва преку пишано соопштение ги отфрли, како што се наведува оттаму, континуираните и очајни обиди за вмешување на претседателот на Република Македонија и Кабинетот во настаните од 27 април 2017 година.

„Во Кабинетот на претседателот на Република Македонија никогаш ниту се разговарало, ниту се размислувало за прогласување воена или вонредна состојба. Сметаме дека последното посочување на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Борис Јосифовски, во функција на наводен план за прогласување на воена или вонредна состојба на 27 април 2017 година е уште еден во низата очајни обиди за конструирање сценарио за неосновано вмешување на Кабинетот на претседателот на Република Македонија и лично на претседателот на Република Македонија во настаните од 27 април 2017 година”, пишува во соопштението од  Кабинетот на претседателот на Република Македонија.  

 

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе