Кабинет на Иванов: Поканата за свеченоста на кревање на знамето на НАТО стигна кога заврши настанот

Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов ги демантираат информациите од Владата дека тој бил уредно поканет да присуствува на свеченоста по повод кревањето на знамето на НАТО пред Владата.

„Откако заврши настанот ја добивме поканата за присуство на претседателот Иванов“, изјавија за МКД.мк од неговиот кабинет.

Претходно од Владата ни потврдија дека на Иванов му била испратена покана за свеченоста и преку курирска служба и електронски, но не добиле објаснување зошто не присуствувал.

На свеченоста не присуствуваше, а бил поканет и поранешниот претседател Бранко Црвенковски, како ни претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ ни рекоа дека Мицкоски добил покана, но не присуствувал на церемонијата бидејќи претходно имал закажано други работни обврски.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе