Јутарњи лист: Макроновата историска грешка со Македонија и Албанија

Како и многу пати досега, арогантната хрватска јавност не се ни осврна на неодамнешниот настан, кој добро го разниша она што го нарекуваме „регион“, пишува Јутарњи лист.

Станува збор за одлуката на Европскиот совет да не се отворат преговорите за членство на Македонија и Албанија. Одлука што длабоко ја компромитира ЕУ, како институција на која може да ѝ се верува колку и на Доналд Трамп, но и одлука што ја доведува Хрватска во ужасно непријатна позиција, пишува Роберт Бајруши.

„Сакале ние или не – Хрватска се наоѓа во 'регионот'“, а потресите што можат да следат поради тоа што псевдолибералот, за да покаже дека влијае врз европската политика, ги прегази сите ветувања кои ЕУ им ги даде на Македонците и Албанците, можеби нема да се почувствуваат во Данска и Португалија, но тука сигурно ќе се почувствуваат. Допрва ќе се види со колкав интензитет“, наведува авторот на текстот.

Тој оценува и дека ЕУ потврди дека е неверодостојна заедница која ги гази сопствените ветувања, а уште полошо е што со таквиот потег ЕУ ги отвора вратите на истиот регион за Русија, Турција и Кина, а можеби и за нови војни.

Сето тоа можеше да се спречи со едноставна одлука за отворање на преговорите со Скопје и Тирана, но Макрон реши да ја замеша манџата, која сега други ќе мора да ја изедат.

Јутарњи лист потсетува дека одлуката за почеток на преговорите не значи членство, туку има симболично значење за да се искаже признание за постигнатото и да се поттикнат тие земји на долгиот и напорен процес на пристапување на државите кандидати во ЕУ.

По сѐ изгледа се срамат и водечките европски политичари.

„Не сте вие криви, ние сме. Вие си ја завршивте работата, ние нашата не“, им порача на Албанците и Македонците претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

„Ја мислам дека ова е историска грешка“, предупреди Жан Клод Јункер, кој се простува од функцијата претседател на Европската комисија.

Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган мора да се среќни кога гледаат што прави Европската Унија, бидејќи одбивањето за Македонија и Албанија воедно е порака до Србија, Црна Гора, БиХ и Косово дека се несакани.

Тоа е легитимни, но какви ќе бидат последиците?

„Ако нѐ не сака Европа, има кој нѐ сака“, ќе одговорат балканските соседи на Хрватска. Зошто Србија не би продолжила да увезува руско оружје и да дозволува кинески инвестиции, попат доведувајќи ги односите со Косово на раб на конфликт?

„Кој може да спречи уште поцврсто поврзување на Република Српска и Србија или Албанија и Косово, како и дезинтеграција на Македонија и Босна и Херцеговина? Во такви околности, зошто Бошњаците не би истрчале во прегратката на Турција? Ете беља, а можеби и реприза на настаните од деведесеттите“, прашува и заклучува авторот на текстот.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе