Во Брисел

Јункер-Заев: Северна Македонија е подготвена за отворање на преговорите со ЕУ

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер по средбата со премиерот Зоран Заев попладнево во Брисел порачал дека одлуката за старт на преговори најверојатно може да се очекува во текот на јули.

На заедничката прес-конференција Јункер му честиташе на Заев и на целата држава за историските чекори преземени во претходните две години и нагласи дека земјата е светол пример во регионот и пошироко. Јункер кажа дека Северна Македонија е подготвена за следниот чекор, за отворање на преговорите и дека тој ќе ја брани земјата и овој став секогаш.

„Романското претседателство го стави ова прашање на агендата на Советот на општи работи во јуни за прва дебата, намерата на Европската Комисија е да стори сѐ за да има дефинитивна конечна одлука на лето”, рече Јункер.

Еврокомесарот Хан, пак, во неговата изјава на конференцијата за медиумите во Европската комисија во Брисел нагласи дека Северна Македонија ги исполни сите задачи што беа побарани од неа и дека сега е на ред Европскиот Совет да го исполни ветувањето од минатата година и да го потврди датумот за отворање на поглавјата, и со тоа да ја направи Република Северна Македонија гарант на мирот и просперитетот во регионот.

Јункер и Хан заеднички констатираа дека е направен огромен напредок во реформите во земјата, дека сега е време Европската Унија да испорача и дека во рацете на Унијата е да се гарантира мирот и просперитетот во регионот.

Заев на прес-конференцијата изјави дека минатата недела Македонија го добила најпозитивниот извештај до сега откако сме држава кандидатка за членство, со чиста и безусловна препорака на Европската комисија за почеток на преговорите за членство.

„Денеска на средбата со претседателот Јункер и комесарот Хан дознавме дека Европската комисија во известувањето за изминатиот петгодишен мандат ја смести Северна Македонија и нејзиниот успех, на листата на 20 најголеми достигнувања на Европската унија во овој период. Тоа е за нас огромно признание и уште поголем поттик“, рече Заев и додаде дека за 12 месеци, земјата ги заврши реформите во целост, темелно ги спроведува Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија.

Според Заев, земјата е пример за соработка и пријателство во регионот, а на внатрешен план општество што покажува политичка зрелост и европски манири.

„Целосно сме подготвени за почеток на преговорите. Сега, на потег се државите членки и институциите на Европската унија. На потег е Европа да покаже дека стои на зборот. Тој потег треба да биде јасен и исклучиво врз основа на нашите заслуги, а во интерес на развојот на Унијата и во интерес на перспективите на целиот наш регион“, нагласи премиерот Заев.

Тој додаде дека Европа е силна и уникатна, бидејќи секогаш знаела да води и внатрешни реформи, и политика на проширување.

Премиерот Заев по средбата со Јункер и Хан се сретна и со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе