Јункер: Скопје и Атина да го направат тоа што историјата го бара од нив

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, ги повика Грција и Македонија да го завршат процесот за името во определените рокови.

Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција со романскиот претседател, Клаус Јоханис, Јункер изјави дека е “импресиониран од храброста“ на Зоран Заев и Алексис Ципрас, пренесува дописничката на МИА.

„Ретки се оние кои пред историјата носат таква одговорност и би сакал овој процес да биде заклучен успешно и во определените рокови, можам само да ги охрабрам двете земји, двата парламенти да го направат тоа што историјата го бара од нив“, изјави Јункер.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе