Франција и други земји се против

Јункер: ЕУ да се отвори кон земјите од Западен Балкан за да се спречи ризикот од војна

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, рече дека ЕУ треба да се отвори за прифаќање на нови членки од Западен Балкан со цел да се избегне ризикот од нова војна во регионот.

Европската комисија притиска за проширување на ЕУ во регионот, кој сè уште ги чувствува лузните од етничките војни во 1990-тите и има репутација на беззаконие, вели Ројтерс.

Обраќајќи се во Европскиот парламент, Јункер истакна дека ако ЕУ не се отвори за овие земји, „во тој многу комплициран, трагичен регион“, и ако ЕУ не им даде европска перспектива, „ќе видиме враќање на војната во тоа подрачје како што видовме 1990 година“.

„Јас не сакам да видиме враќање на војната на Балканот и затоа мораме да се отвориме кон нив“, рече Јункер.

Претседателот на Европската комисија со ова се доведува во судир со Франција и други земји што се противат на проширувањето, вели Ројтерс.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој исто така говореше денеска во Стразбур, рече дека верува оти ЕУ треба да го подобри своето внатрешно владеење пред да почне да прима нови членки.

„Дали ќе имаме 30, 32 (земји-членки) за неколку години? Со истиве правила тоа едноставно не е изводливо“, рече Макрон.

Денеска Европската комисија ќе го објави својот последен годишен извештај за напредокот во преговорите со земјите од Западен Балкан за членство во блокот.

Полска, Италија и Австрија се меѓу земјите на ЕУ што се залагаат за засилување на напорите за отворање на блокот кон регионот, во кој има зголемено влијание од Русија и Кина, вели британската агенција.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе