ЈП „Водовод и канализација“ ќе добијат поголеми плати за 2.806 денари

Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, Златко Перински до Управниот Одбор на претпријатието ќе предложи да се пристапи кон линерно покачување на платите на сите вработени во ЈП „Водовод и канализација“. 

Како што информираат од претпријатието, ова покачување ќе ги опфати сите 1 278 вработени чии месечни плати заклучно со августовската плата ќе се зголемат линеарно по 2.806 денари. Ова е прво вакво зголемување на платите по нивна 13 годишна стагнација.

Оттаму посочуваат дека ова покачување на платите се прави поради сериозноста на економската состојба, и е дотолку значајно што доаѓа и покрај големите предизвици со кои се соочува јавното претпријатие, наследените финансиски обврски, големите државни должници спрема ЈП Водовод и канализација Скопје.

„Меѓу најголемите должници на претпријатието со неисплатени обврски останува Заеднички Служби во Државниот Клинички Центар во Скопје со долг од 124.316.964 денари, Општина Зелениково 41.320.352 денари итн. ЈП Водовод и канализација – Скопје, секогаш ќе ги штити интересите на своите вработени, како сега, така и во иднина. И покрај споменатите сериозни предизвици заштитата на стандардот и обезбедувањето на квалитетна вода за пиење останува нашиот приоритет“, се наведува во соопштението на претпријатието.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе