Од собраниската седница за пратенички прашања

Јовески: Неблагодарно е да зборувам за „Монструм“ кој е во деликатна фаза

За случајот „Монструм" во овој момент е неблагодарно јас да зборувам со оглед на тоа дека предметот се наоѓа во една деликатна фаза, изјави денеска државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на собраниската седница за пратенички прашања.

Тој потсети дека јавниот обвинител пред неколку дена ги изнесе завршните зборови, а за десетина дена, како што рече, тоа ќе го направи одбраната.

Моето коментирање на определени докази, факти, околности во врска со конкретниот предмет може да значи влијание врз независната власт, врз судската власт, рече Јовески, одговарајќи на пратеничко прашање за случајот „Монструм" од Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ.

Во делот на прашањето зошто Обвинителството дало предлог по жалбите на обвинитетите, едноставно, како што рече, таа одлука ја носи Врховниот суд.

Врховниот суд процени дека определени факти, околности и докази треба повторно да се изведат, на нов главен претрес, укажа на тоа и судот постапи по овие задолжителни упатства од Врховниот суд. Според тоа нема елементи и основи за никаква одговорност во конкретниот случај, рече Јовески.

Нагласи дека во овој момент е многу неблагодарно да се коментираат состојбите во предметот, додаде да се почека одбраната да ги изнесе своите завршни зборови, да ги анализира доказите.

Тоа како Обвинителството гледа на изведените докази на главниот претрес, анализата и делот на одговорноста, и јавноста е запозната преку завршните зборови на јавните обвинители кои го застапуваат предметот, рече Јовески.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе