По автобуската несреќа во Бугарија

Јовески: На бугарските обвинители утре ќе им бидат предадени ДНК анализите на роднините на загинатите

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески информираше дека во македонското јавно обвинителство пристигнале претставници на јавното обвинителство на Бугарија и дека во текот на утрешниот ден ќе им бидат предадени ДНК анализите на роднините на загинатите, како и целата документација која ја собрале.

На денешната прес-конференција тој појасни дека се работи за документација на агенцијата „Беса Транс“, регистрација на автобусот, како и податоци од Министерството за транспорт и врски.

Јовески исто така ја потврди информацијата дека во изгорениот автобус во Бугарија е пронајдено уште едно тело на починат патник, како што кажа, на помлада возраст, и тоа е пренесено во Институтот за судска медицина во Софија. Со тоа, како што рече, бројот на настраданите во несреќата официјално е 45 лица, а седуммина се пренесени на лекување во софиската болница.

Одговарајќи на новинарско прашање дали верува дека е најдено уште едно тело 4 дена по несреќата, Јовески  рече дека не се сомнева во пронаоѓањето на уште едно тело.

„И сами видовте колку се големи оштетувањата на автобусот и тој е пренесен на руго место, Издадени се наредби за соодветни вештачења за техничката исправност и притоа во дел на автобусот е најдено уште едно тело. Нека нема сомнеж за тоа, тоа го потврдија обвинителите на Бугарија и апсолутно не е спорно“, изјави Јовески.

Но, како што додаде, тој немал детали каде е пронајдено телото, туку само рече „во изгорените делови“.

Во однос на „осмиот патник“ што се споменуваше, Јовески рече дека тој се споменува во исказот само на еден од повредените, додека документацијата од болницата покажува сосема друга бројка, таму се примени седум лица.  

„Секое лице може да има различно забележување на одредени факти во една трагична атмосфера“, одговори Јовески.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе