Реакција по смената на министерот за финансии

Јовановиќ за Тевдовски: Мислев дека „метлата“ ќе ги фати оние што работеа за личен интерес и местеа милионски тендери

Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ, кој му беше советник на министерот за финансии Драган Тевдовски застана во одбрана на поранешниот соработник. Вчера премиерот Зоран Заев ја објави реконструкцијата на Владата и соопшти дека воодреден период тој ќе биде и премиер и министер за финансии.

Јовановиќ е изненаден од оваа смена и на својот фејсбук-профил вели дека Тевдовски работел вредно и чесно.

„Кога ме праша дали сакам да му бидам советник, му кажав дека не сме, ни тој, ни јас, за овдешната политика. Неговиот одговор беше дека можеби сум во право, ама дека сепак имаме должност да пробаме да ги смениме работите. Постојано кажуваше дека сака да биде како министерот за финансии во Данска – да не се наметнува многу во јавноста, ама системот да функционира. Мислам дека успеа во тоа. За жал, далеку сме ние од Данска. Кај нас, ако ти не се наметнуваш, некој корумпиран хоштаплер ќе се наметне, и ќе работи против тебе. Не знаев за сменава кога јас се повлеков, и воопшто не ја очекував. Мислев дека „метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари, а ништо не работеа… Можеби има нешта кои не ги знам во целава работа, ама едно знам. Ако државава ги менува оние кои работат чесно и вредно, кои прават реформи, кои се жртвуваат за општото добро, никогаш нема да ја биде“, напиша Бранимир Јовановиќ.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе