Јавноста в понеделник ќе ја види целата снимка за наводниот поткуп на Заев

На 26 март во судница во Основниот суд Скопје 1 ќе биде пуштена целосната снимка во случајот Поткуп во која е обвинет премиерот Зоран Заев. Судијата Дарко Тодоровски кој ја води постапката одлучи да го прифати барањето на Заев и неговите адвокати и снимката да биде пуштена на рочиште  на кое ќе присуствува и јавноста. 

Денешното рочиште беше одложено поради зафатеност на големата судница во која се суди случајот за нападот врз Зијадин Села, а која е единствената со техничка можност за презентација на ваква снимка.

Претходно обвинетиот Заев и неговите адвокати побараа од судот да не се исклучува јавноста кога ќе се гледа снимката во судница бидејќи само јавна презентација на целосната снимка ќе може да врати дел од изгубената чест и углед на сегашниот премиер.

„Извршувам висока политичка функција, а снимката веќе беше јавно објавена. Но, објавени беа само делови, а не целосниот видео материјал. Ќе го замолам судот за јавна презентација на овие снимки, бидејќи само на тој начин ќе можам да повратам дел од мојата изгубена чест и углед која е нарушена со објавување на видео материјал кој не требало да излезе во јавноста“, рече во судница премиерот Заев.

Ваквиот предлог беше прифатен, а судењето презакажано за следниот понеделник кога во судница ќе биде пуштена целосната снимка за наводно договарање на поткуп.

На денешното рочиште во судница требаше да се појави и клучниот сведок Иван Николов, но судијата Тодоровски рече дека тој утрово се јавил во судот и ќе биде повикан во судница на следното закажано рочиште.

Универзитетите повеќе не се место за натпревар помеѓу кандидатите во креација, научна продукција и сл., туку место за „вдомување“ на партиски активисти.

повеќе

Спортските организации својата активност премногу ја имаат насочено кон дејноста спорт како игра, тренирање или бизнис, а не кон спортот како социјална потреба во функција на подобрување на општествените состојби.

повеќе

Н е јасно како оваа одложена покана е поразлична од онаа од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

повеќе