Јавен повик за чартери од Малта и од Загреб за враќање на македонските граѓани

Владата денеска објави јавен повик за организирање авионски превоз за враќање во земјата на македонски граѓани кои се затекнати во странство. Според информациите од Министерството за надворешни работи, за дестинации за чартер летови се утврдени Малта – Скопје, со пријавени 148 патници и Загреб – Скопје со 226 пријавени патнициа крајниот рок за организарање на летовите треба да биде до 27.03.2020 година (петок) до 12:00 часот. 

Како што стои во соопштението од Владата, право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до Македонија, а критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена.

Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор.

„Понудите да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: [email protected]

Јавниот повик ќе трае 12 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата на Република Северна Македонија, односно понудите да се достават најдоцна до 25.03.2020 година до 22:00 часот. Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани“, соопшти Владата.

Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување во Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.

Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор.

Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци:

Назив на примач: 

Буџет на Република Северна Македонија

Транс.сметка 100 000000063095

Сметка на корисник   630010001963019

Приходно конто   725939  00

Во цел на дознака:  Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10.

„Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Северна Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна.

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на телефон 02/3118-022“, се додава во соопштението.

 

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе