За изборите на 12 април

Јавен повик од ДИК за пријава и увид во Избирачкиот список за дијаспората

Државната изборна комисија (ДИК) објави јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство за предвремените парламентарни избори. Во повикот, македонските државјани кои се на привремена работа или престој во странство се информираат дека на 12 април ќе се одржат предвремени избори и дека гласањето во ДКП-та и конзуларните канцеларии ќе се одржи на 11 април.

ДИК ги повикува македонските државјани кои сакаат да го остварат своето гласачко право да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на ДКП на Република Северна Македонија во периодот од 26 февруари до 11 март. При увидот треба да се идентификуваат пред надлежното лице со важечка патна исправа или со важечка лична карта издадена од надлежен орган на Македонија. Увидот може да се изврши и преку интернет страната на ДИК http://www.sec.mk.

Барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид се поднесуваат преку апликацијата со лична електронска пошта до ДИК во периодот од 26 февруари до 11 март.

Македонските граѓани во дијаспората кои сакаат да гласаат на предвремените парламентарни избори пријавувањето за гласање треба да го извршат во периодот од 16 февраури до 11 март, а пријавата за гласање своерачно потпишана се доставува до ДКП-та односно конзуларните канцеларии на РСМ во државата каде што престојуваат и живеат или се испраќа преку веб апликацијата поставена на интернет страницата на ДИК. Ова се однесува на државјаните на РСМ кои се на привремен престој во странство повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година.

Македонските државјани кои претходно го имаат пријавено пред надлежен орган својот привремен престој или привремена работа во странство, односно државјаните за кои МВР има евиденција дека се на привремен престој или привремена работа во стрнаство, поднесуваат само пријава. Оние државјани, кои претходно не го пријавиле својот привремен престој во странство или привремена работа пред надлежен орган во земјава, односно државјаните за кои МВР нема евиденција дека се на привремен престој или привремена работа во странство, задолжително доставуваат скенирана копија од документи како доказ за престој во странство и тоа документ/потврда или копија од документот за докажување на привремен престој во сранство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година или дозвола за престој или работа во странство, издадена од надлежен орган од соодветната држава или копија од дозволата за престој или работа во странство.

Право на глас имаат сите македонски државјани, кои имаат пријавено последно живеалиште во Македонија, а на денот на гласањето привремено престојуваат во странство, повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во соодветната држава, повеќе од една година, согласно евиденцијата од надлежен орган, а кои од 16 февруари до 11 март 2020 годна, доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од  избирачкиот список.

На предвремените избори за пратеници во Собранието, можат да гласаат само македонските државјани кои се на привремена работа или престој во странство, а кои доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список. Сите останати државјани, кои имаат избирачко право, а не поднеле пријава за гласање, ќе бидат запишани во изводите од Избирачкиот список за гласање, согласно нивното пријавено последно живеалиште во Македонија.

Гласањето ќе се одржи во сабота, на 11 април 2020 во период од 7:00 до 19:00, во просториите на дипломатско-конзуларно претставништво односно конзуларната канцеларија на Република Северна Македонија.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе