Скопје-Софија

Јасно е дека бугарското вето на македонската евроинтеграција останува, отчет за преговорите во Собрание

Можно е веќе неделава пратениците конечно детално да се запознаат со деталите околу преговорите со Бугарија. Сите се согласни дека во оваа фаза, во фаза кога е јасно дека со бугарската блокада уште долго ќе живееме, е неопходно Собранието да заземе став што понатаму. Во Бугарија нема никакви промени, и пред изборите, а јасно е дека така ќе биде и по нивните избори во март или април.

Ветото на Бугарија за Македонија да ги почне пристапните преговори за членство во Европската Унија останува. Претседателот на Македонија Стево Пендаровски во интервјутои за МИА ги отвори картите, рече дека Бугарија не го менува својот став во однос на идентитетот на Македонците.

„Бугарскиот одговор на Акцискиот план, што Софија го достави до Северна Македонија, практично не излегува надвор од параметрите на старите бугарски одговори. Во него не можам да видам нешто суштински различно во нивните позиции, можеби некои фрази. Повторувам, не станува збор за никаков нов договор, додаток на договор, протокол, анекс и слично“, изјави Пендаровски.

Освен ова, Пендаровски изјави дека и македонско-бугарската експертска комисија, која неделава треба да се состане, излегла од својот мандат, дека се напуштени параметрите на Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија, нагласувајќи дека идентитетските прашања за нас не се тема за преговори.

Владата се согласи со тоа за ова прашање да се разговара и во Собранието, на што веќе подолго време инсистираат пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров наскоро ќе се појават пред пратениците во собраниската Комисија за европски прашања или во Комисијата за надворешна политика за да реферираат за се што е преговарано со Бугарија.

Османи вели дека е подготвен низ транспарента постапка да ги отворат сите прашања поврзани со надворешната политика низ почести средби и тематски седници, во рамки на Комисијата за надворешна политика. Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, како претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, веќе упатил покани до министрите Османи и Димитров да учествуваат на една таква расправа.

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе