ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: Заев и Рашковски ги кријат фактите за тендерот за хеликоптерите

Зоран Заев и Драги Рашковски се летнати во облаци. Зајдоа во криминал и корупција па уште хелихоптери им фалат. Срамно и жално. Нема поблаг израз за да се опише односот на Заев и Рашковски кон медиумите, граѓаните и сопствената држава. Ги лажат и новинарите и јавноста дека фирмата стара 24 дена пред да биде распишан тендерот всушност конкурирала за монополскиот бизнис за да нема никаков ќар, изјави денеска Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во својата втора конференција за медиуми за последниот тендер за хеликоптерската единица за медицинска помош.

„Ако ова не е потценување и понижување и на медиумите и на граѓаните, тогаш навистина не знаеме што е. Има ли бизнис што го почнале Вице Заев или Трајче Заев, а знаеле дека во него нема профит? Ете во тоа нѐ убедуваше вчера Рашковски. Дека било нормално фирма да влезе во бизнис, без да има добивка. Доколку државата нема никаков трошок, а фирмата сама треба да се грижи за покривање на трошоците, зошто тогаш на фирмата би ѝ требало јавно приватно партнерство, а не би стартувала сама?

Да не се лажеме, Заев и Рашковски сѐкријат. Ги кријат фактите мислејќи дека јавноста ќе престане да прашува каде ќе завршат 72 милиони евра. Да не беше сѐ како во бајките на Заев и Рашковски и приватниот партнер да сакаше без профит да помага, немаше да држат брифинг без камери, туку ќе излезеа на прес конференција и ќе ги кажеа деталите од договорот. На, Заев не може да му се верува ниту кога ќе каже „жими бизнисот со марихуаната“.

Затоа бараме одговори. Како партнерот ќе наплаќа 9 милиони евра годишно или 72 милиони за 8 години? Дали и колкав дел од патарини ќе се издвојуваат за овој проект? Дали споменувањето на зелениот картон од страна на Рашковски, значи дека и тој е во игра за наплата? Кои се другите иновативни методи за наплата на 9 милиони евра? Дали имаат согласност од ТАВ која е потребна согласно концесискиот договор за наметнување на дополнителни давачки, т.е надоместок од патник во заминување? Дали и колку средства од буџетот на М-НАВ ќе се пренаменат за овој проект и дали ја испитале законската можност за вакво сценарио со оглед на можните проблеми на ЕУРОКОНТРОЛ? Со оглед на тоа што многу мал дел граѓани имаат приватно осигурување дали интервенциите на оваа служба за македонските осигуреници ќе се наплаќаат од Фондот за здравствено осигурување? Дали во договорот е предвидена цена по час/километри за ангажман на ваква служба? Дали и колкав процент од средствата кои се влеваат во буџетот по основ на туризам ќе се префрлаат на приватниот партнер? На крајот на краиштата зошто ако е сѐчисто и бесплатно не се даде на увид студијата и договорот пред да се потпише?

Јасно е дека ќе отидат во нечиј џеб овие 72 милиони евра. Затоа Заев нѐ убедува дека тоа немало да бидат од буџетот, но најверојатно ќе бидат од патарини или авионски карти. Значи не по врат, по шија.

Повторно ве предупредуваме. Немојте во заминување да мислите дека сѐ ви е дозволено и може да крадете. Одговорност ќе има и за вас и за сите кои ги принудувате да учествуваат во штетни договори. Веќе постојат две издвоени мислења во однос на сомнителната постапка. Декласифицирајте ги податоците и објавете го договорот“, рече Јанушев.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе