Јанушев: Синот на Цветанка Иванова од СДСМ доби тендер под сомнителни околности

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска на прес-конференција објави, како што го нарече, крајно сомнителен тендер во која е вмешан близок роднина на висок функционер на СДСМ.

„Се работи за тендерот распишан од страна на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта за извршување на патни работи во зимски услови, и тоа за територија на подрачјето на Штип за сезоната 2019-2020 година.

Ни помалку ни повеќе, најповолен понудувач за овој тендер, на кој вредноста може да достигне и до повеќе од 300.000 евра е синот на генералниот секретар на Собранието од редовите на СДСМ, Цветанка Иванова.

Зоран Иванов, син на Цветанка е сопственик на фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица, а воедно истиот Иванов е и бизнис партнер на Трајче Заев во фирмата „ОМНИ ГРАДБА“ ДОО Струмица која се занимава со градежништво“, изјави Јанушев, според кого, тендерот е добиен под исклучително сомнителни околности.

Повикувајќи се на „податоци“, рече, дека кога одлуката за избор е донесена на 08.11.2019 година, согласно електронскиот сајт за јавни набавки, нивните информации говорат дека токму во тој период фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица не ги исполнувала основните услови за добивање на тендерот кои се барале, односно не ја поседувала потребната механизација.

„Нашите информации говорат дека дури после две недели, Зоран Иванов и фирмата ‘ДИКОР ЦД‘ ја набавиле од грчка фирма потребната механизација и тоа под закуп. Машините се со грчки регистарски таблици и со налепници од грчката фирма сопственик. Ова не потсетува на случајот каде камионите на Вице Заев возеа за ‘СВ ИНВЕСТ‘ во РЕК Битола“, изјави Јанушев.

Тој јавно упати неколку прашања во врска со овој тендер.

„Дали најпрвин е добиен тендерот од страна на Зоран Иванов, а дури потоа е обезбедена целокупната механизација?

Дали однапред се знаело дека тендерот ќе го добие токму синот на Цветанка Иванова и бизнис партнер на Трајче Заев?

Дали возилата ги исполнуваат потребните стандарди согласно тендерската документација и важечки закони, а пред сѐ дали ги исполнуваат еколошките стандарди?

Дали надлежните институции знаеле за овие сомнителни работи и молчеле?

Кој ќе ја сноси одговорноста?“, се прашањата што ги постави Јанушев.

 

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе