Јанушев: Партии кои партиципираа во власта, преминаа во коалицијата „За подобра Македонија“

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денеска имаше средба до неколку членови на Обединети за Македонија и ВМРО-НП и најави дека тие ќе преминат во нивната коалиција, иако досега беа дел од владината коалиција.

„Денеска имавме средба со дел од раководството од повеќе политички партии кои што до пред извесно време партиципираа во власта, дел од тие преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, дел преминуваат во онаа конзервативна и останатите десничарски партии од коалицијата „За подобра Македонија". Тие ги ставаат своите капацитети на располагање сѐ со цел што побрзо да ја турнеме оваа криминално-рекетарска власт и да помогнеме што побрзо во обновата на Македонија. Ние како ВМРО-ДПМНЕ остануваме отворени и ги повикуваме сите чесни и искрени граѓани на Република Македонија да ни се придружат во борбата против власта, во борбата за обнова на Македонија. Она што исто така е вредно да се напомене е дека овие луѓе ги напуштаат политичките партии во период кога буквално сите механизми на присилба и уцена се во рацете на Заев и СДСМ и одлучиле да се придружат на нашата борба за што побрзо СДСМ и Заев да ги тргнеме од власта и да почнеме со обновата на Македонија“, изјави Јанушев. 

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе