„Протестот ќе започне пред Палома Бјанка. Овој протест е насочен кон владата и Мафијата. Поскапата струја значи посиромашен народ. Поминаа дваесетина часа од протестот против поскапувањето на струјата на која ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата и граѓаните побараа неколку работи. Прво поевтина струја и секако професионализација на регулаторната комисија и оставка на партиските инсталации во комисијата на чело со претседателот Марко Беслимоски. Имаме апсолутен молк од владата, Зоран Заев и неговите инсталации во Регулаторната комисија", изјави Јанушев.
Тој на прес-конференција истакна дека бизнисменот Силјан Мицески јавно кажал оти бил финансиер на СДСМ, а тоа никаде го нема во финансискиот извештај на владејачката партија.
„Ова е Договор за коп на јаглен со РЕК Битола вреден 6 милиони и 250 илјади евра. Значи, финансиерот на СДСМ кој сам си кажува дека ги финансирал, а притоа никаде го нема тоа во извештајот на партијата, си добил работа од 6 милиони 250 илјади евра од РЕК Битола за ископ на јаглен. Поскапувањето на струјата значи бизнис за СДСМ. Мафијата си продолжува со профит. Мафијата продолжува со бизниси", рече Јанушев.