Шефовите на изборните штабови во ДИК

Јанушев, Кирацовски и Асани повикаа на фер, регуларни и чисти избори в недела

Шефовите на изборните штабови на претседателските кандидати Игор Јанушев, Александар Кирацковски и Флорин Асани денеска заедно апелираа до сите граѓани, политички чинители, медиумите и сите останати за фер, регуларни и кристално чисти избори в недела на 21 април.

Јанушев ги повика граѓаните најмасовно што може да излезат и да го искористат своето демократско право на глас.

„Посакувам фер битка на 21 април, како на претседателскиот кандидат на власта Стево Пендаровски, така и на претседателскиот кандидат Блерим Река. Од власта очекуваме како најодговорна да спроведе фер и демократски избори“, рече Јанушев и додаде дека граѓаните знаат да ја препознаат вистинската личност за која треба да го дадат својот глас.

Асани, осврнувајќи се на тоа дека досега кампањата била проевропска, без инциденти, ги повика граѓаните на 21 април да гласаат за кандидатот на кој му веруваат.

Кирацовски повика заедно да покажат висока демократска зрелост, политичка свест и да овозможат граѓаните на мирни, слободни, фер избори, слободно да ја изразат својата волја.

„Институциите на сиситемот, согласно информациите кои ги имам, се комплетно подготвени да овозможат слободен, регуларен, фер изборен процес и изборен ден“, рече Кирацовски.

Според него, овие избори не се само за претседател, туку „преку овие избори ќе покажеме и ќе потврдиме дека сме достојни на патот кон евроатлантските интеграции“.

 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе