Стразбур

Јанша: Западниот Балкан е многу важен регион за ЕУ

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, утрово ги презентира приоритетите на претседателството на неговата земја со ЕУ, меѓу кои е и Западниот Балкан, а претседателката на Европската Комисија се надева дека за овие шест месеци ќе бидат отворени преговорите со Македонија и Албанија, јави МИА.

Јанша утрово се обрати пред европратениците како што е обичај при секој почеток на ново претседателство со ЕУ. Тој порача дека Западниот Балкан е многу важен регион за ЕУ, поради што Љубљана ќе организира лидерска средба помеѓу ЕУ и регионот во октомври во Словенија.

За Словенија проширувањето е логичниот одговор на геостратешките предизвици со кои се соочува Европската Унија, и перспективата кон Западниот Балкан, но и кон земјите од источното партнерство како Украина, треба да заживее повторно.

„Оваа перспектива треба да биде опиплива за да може сегашната генерација да верува дека ќе се исполни додека е жива, инаку не може да биде поттик, таа мора да биде извор на енергија и инспирација“, рече Јанша, додавајќи дека тоа е и најдобар начин да се придобие поддршката на граѓаните и да се поттикнат реформите.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која зема збор веднаш по словенечкиот премиер, ја поздрави волјата на Словенија да го врати Западниот Балкан на дневен ред, меѓу другото со организацијата на октомврискиот самит.

„Уверена сум дека самитот со Западен Балкан ќе испрати важен сигнал до засегнатите земји дека тие се суштински стратешки партнери за ЕУ и се надевам дека словенечкото претседателство ќе умее да даде зелено светло за процедурите со Северна Македонија и Албанија, ова е во наш личен интерес и е прашање на кредибилитет: во ЕУ дадено ветување мора да биде исполнето ветување“, рече фон дер Лајен.

Јанша од своја страна пред европратениците инсистираше на важноста на регионот како клучен дел од политика на ЕУ за спречување на „нелегална миграција“ преку таканаречената балканска рута.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе