Јанша: По повик од Мицкоски пративме помош за Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил ги коментираше обвинувањата од СДСМ дека лажел кога рекол дека донацијата од Словенија била добиена по негово барање.

„Во овие тешки моменти на голема криза, наместо да имаат на мисла како да спасат животи, тие смислуваат лажни вести. Но, вистината победува. И уште една голема благодарност до премиерот на Словенија и пријател на Македонија, Јанез Јанша. Што се однесува до бројот на тестовите, брзо по пандемијата ќе се види кој лажел, а богами и кој крадел. Да се фокусираме сега на она што е најважно за граѓаните, здравјето и спасот од сиромаштија“.

Откако вчера Владата на Словенија и Министерството за одбрана соопштија дека помошта што стигна во петокот е испратена на барање на Северна Македонија, во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и како дел од координацијата на сојузниците во НАТО, што не се совпаѓаше со верзијата што јавно ја пласираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека помошта доаѓа на негово барање, Словенечкиот премиер Јанез Јанша, во објава на „Твитер", се дообјаснува за контекстот во кој е испратена помошта од неговата земја за македонското Министерство за внатрешни работи.

„Веднаш по повикот од Христијан Мицкоски, кој ја извести Владата на Република Словенија за крајно лошата состојба во Македонија со коронавирусот, ги поврзавме Министерството за одбрана на Словенија и Министерството за внатрешни работи на Македонија и во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, испративме помош на пријателска држава. Во исто време, лично повикав некои од лидерите во ЕУ да не ги забораваат државите од Западен Балкан“,

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе