Ректорот на УКИМ на чествувањето на светите Кирил и Методиј

Јанкуловски: Продолжува мисијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да ја гради македонската наука

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје останува доследен на своите заложби во реализацијата на својата мисија, да го продолжи и зацврстува својот развоен од, како универзитет посветен на негувањето и на интернационалната афирмација на традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ (македонскиот јазик, историјата, литературата и културата), но истовремено да ги негува и културните вредности на другите етнички заедници во РСМ. Нашето мото е традиција, потврдени вредности и квалитет", рече ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски.

„Во 1949 година, историската година на формирањето на нашиот Универзитет 'Св. Кирил и Методиј', нѐ враќа во едно друго време во нашата историја кога со Законот за универзитет во Скопје, донесен од Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија, беше формиран Универзитетот 'Св. Кирил и Методиј'. Неговата благородна мисија како прв македонски државен автономен универзитет била: да изгради високо квалифицирани стручњаци од разните гранки на науката; да врши научно истражувачка работа и да учествува во научното решавање на задачи од културната, стопанската и техничка изградба на земјата; да ја изградува и развива напредната научна мисла; да ја одржува и развива научноста во наставата и теоретската работа; да ги популаризира научните знанија и постигнувања; да соработува во научната работа и да врши размена на научни искуства, научни трудови и публикации со други универзитети... Универзитетот 'Св. Кирил и Методиј' во Скопје останува доследен на своите заложби во реализацијата на својата мисија, да го продолжи и зацврстува својот развоен од, како универзитет посветен на негувањето и на интернационалната афирмација на традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ (македонскиот јазик, историјата, литературата и културата), но истовремено да ги негува и културните вредности на другите етнички заедници во РСМ. Нашето мото е традиција, потврдени вредности и квалитет", рече во својот говор ректорот на УКИМ проф.д-р Никола Јанкуловски по положувањето на цвеќе пред споменикот на патроните на УКИМ, светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа на платото на универзитетскиот кампус за општествени науки.

Ректорот нагласи дека составувањето на првото словенско писмо и преводот на
евангелските книги, епохалното дело на словенските сопокровители Кирил и Методиј имало религиозни мотиви, но успеало да ги надмине и
идеолошките и територијалните рамки и да влезе во светската културна ризница какосесловенско писмо.

„Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и
литература, заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Заради огромната важност на нивната мисија, денес тие се патрони на Европа – признание дадено од Ватикан со цел да се потенцира нивното значење за единството на европските народи. Светите браќа Кирил и Методиј од страна на Светата црква се прогласени за рамноапостолни поради нивните заслуги за афирмацијата на христијанската вера.Нивните следбеници и верни ученици Климент и Наум не само што продолжиле да ја негуваат и развиваат словенската писменост туку почнале да ја шират и да ја зацврстуваат
низ целиот словенски свет. Тие успеале да ја зачуваат словенската духовна слобода и да создадат расадник од каде што се ширеше словенската писменост и култура. Охридската книжевна школа што ја создадоа Климент и Наум и од која излегоа 3.500 нивни ученици, стана најразвиено словенско културно средиште во IX и Х век, односно првиот словенски универзитет. Вечна благодарност и за нивното дело“, нагласи ректорот Јанкуловски.

Во делегација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"покрај ректорот беа и проректорите проф. д-р Биљана Ангелова, проф. д-р Христина Спасевска, проф. д-р Валентина Гечевска, проф. д-р Ордан Чукалиев и генералниот секретар на УКИМ м-р Марија Маневска, како и од претседателот на Универзитетскиот сенат проф. д-р Анета Баракоска.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе