НА ВЧЕРАШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА СДСМ

Јанкуловска: Ние во МВР, во ВМРО-МВРО нит се устручаваме ни ништо

Од вчера објавените снимки најдобро се гледа како се злоупотребувале државните институции за време на избори за партиски цели, јасно се гледа дека не постои одвоеност на партијата и државата, вели СДСМ. Се работи за злоупотреба на сите државни органи и институции за целите на партијата, велат од СДСМ. Министерката Јанкуловска во разговор со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и со друг соговорник самата најдобро го илустрира тоа.

Јанкуловска во „штабот на спратот кај неа“

„На работа сме си сите ние, кај нас штаб имаме. Мислам, имаме два штаба, еден штаб кај мене на спрат, кој е месен комитет на ВМРО, кол-центар, све има кај нас, а другиот ни е доле у сала кај шо доаѓаат амбасадориве, ОБСЕ, овој-оној, и ја повремено таму улетувам, да видат амбасадориве дека све е океј, и после си се качувам кај мене на спрат и си работиме партиски работи. Така сме ние организирани. Ако сакаш дојди ни у контрола да видиш како работи кол-центарот...“, му вели Јанкуловска на Божиновски.

„Ние во МВР, во ВМРО-МВРО... за разлика од другиве институции не се ни устручаваме ни ништо“, вели министерката за внатрешни во вчера објавените снимки.

Андреј Жерновски, градоначалникот на скопската општина Центар, синоќа преку Фејсбук побара оставка од министерката Јанкулоска.

„Само едно не ми е јасно - како можеш да се слушаш на снимкиве и сѐ уште да не дадеш оставка? Како можеш, по сè, пак да глумиш чесен министер за внатрешни работи? Имај барем малку достоинство, за твое добро и за добро на државата. ОСТАВКА ВЕДНАШ!“

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе