Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Јаневска: Да се повлече концепцијата за реформи во основното образование

И во новата варијанта на концепцијата за реформи ја нема историјата како посебен предмет, апелирам Мила Царовска да ги слушне мислењата на експертите, да ја повлече концепцијата и да пристапи кон креирање на нова, затоа што неуспехот на оваа реформа би афектирал околу 170 илјади  наши деца, рече Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ која вчера учествуваше во првата расправа за концепцијата во матичната собраниска комисија..

Расправата во собраниската комисија вчера започна со презентација на делумно изменета концепција, своевиден вид на манипулација, која требаше да ги обесхрабри говорниците, но тоа не се случи. На расправата преовладаа мислењата дека предложената концепција за основно образование е избрзана, несериозна, неаналитична и нереална, односно неспроведлива, рече Јаневска.

Таа нагласи дека никој не е против реформа во обрзованието, но дека повеќето учесници не ја одобрија конретната концепција зашто, како што рече, ни одблизу не ги третира и решава вистинските проблеми во основното образование и не ги обезбедува стандардите потребни за квалитетно образование во Македонија.

Апелите на повеќето универзитетски професори беа предложената концепција да се повлече и да се креира нова на соодветен и транспарентен начин со учество на сите релевантни институции од образовниот систем во Македонија, а не само претставници од невладиниот сектор и избрани политички подобни поединци, рече Јаневска и нагласи дека се инсистираше на зачувување на посебните предмети, особено на предметот историја.

„Но, и во новата варијанта на концепцијата, прикажана ненајавено вчера, историјата останува интегриран предмет со граѓанско општество што според мислењата на експертите е недозволиво. Професорите побараа зголемување на бројот на часови по музичко и ликовно образование за исполнување на критериумот учење низ игра и уметности“, нагласи Јаневска.

„Апелирам Мила Царовска да ги слушне мислењата на експертите, да ја повлече концепцијата и да пристапи кон креирање на нова, според посочените аргументи на говорниците, затоа што неуспехот на оваа реформа би афектирал околу 170 000 наши деца. Прашањето на нивното образование, а со тоа и нивната иднина, никогаш не смее да биде прашање на политика“, изјави Јаневска на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе