Јанева: ВМРО-ДПМНЕ најкомотно воделе телефонски разговори во периодот кога се прислушувало

ВМРО-ДПМНЕ најкомотно ги воделе телефонските разговори во периодот од 2008 до 2015 година додека траело незаконското прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Ова на денешното презентирање на првиот преоден извештај на Мисијата на ОБСЕ го нагласи специјалната обвинителка Катица Јанева.

Обвинителката Јанева додаде дека од нејзините слушања на разговорите кои се дел од доказите во предметите на СЈО утврдила дека тогашната владејачка партија ги водела телефонските разговори на сите теми, додека тогашните опозиционери имале сомневање дека ги прислушуваат и биле претпазливи. Јанева додаде дека за нив нема индиции дека сториле кривични дела и дека треба кривично да се гонат.

Во врска со застареноста на кривичните дела, Јанева нагласи дека нејзиниот тим направил анализа и утврдил дека во тој дел сите предмети се добро покриени и дека нема опасност делата да застарат.

За досегашниот тек на работата на СЈО Јанева рече дека е задоволна од поднесените 15 обвиненија и дополни дека подобрена е соработката, како со Обвинителството, така и со другите институции. Таа упати критика до судот дека може да закаже повеќе рочишта и да го следи примерот на судијката која ја води постапката за 27 април и дополни дека за предметот Титаник судот за во септември закажал само едно рочиште.  

На крајот Јанева истакна дека ги прифаќаат приговорите на ОБСЕ и дека ќе закаже колегиум на кој истите ќе бидат разгледани.

На презентирањето на извештајот зборуваше и Мирјана Лазарова-Трајковска, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур која исто така упати критика и нагласи дека судството е најслаба алка. Таа додаде дека Јавното обвинителство од 130 пресуди во 30 се јавува како фактор за прекршување на човековите права и тоа под итно треба да се промени.

К.Д.

 

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе