Јанева: Груевски и Ахмети не дошле на распит во СЈО, засега се осомничени

Лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, кои Специјалното јавно обвинителство ги сомничи во случајот „Попис“, досега не дошле на распит, но кога ќе треба, според законските прописи, ќе бидат повикани, информираше специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

„Во оваа фаза тие се осомничени, а според доказите и снимките кои ги имаме се алудира на нивна кривична одговорност. Освен тоа, и Прибе кажа дека секој треба да понесе кривична или политичка одговорност за она што го сторил“, рече Јанева на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања.

Во врска со случајот „Актор“, таа изјави дека досега не се побарани мерки на претпазливост за осомничени лица и појасни дека се повикуваат лицата кои што се достапни за СЈО да бидат распрашани, започнува истрагата, официјално ќе се земаат изјави и врз основа на тоа ќе се побараат мерки од судот.  

„Во целиот период на постапката на СЈО внимателно ги предлагаме мерките за секое лице, во случајот досега немаме индиции дека некое лице ќе ја загрози истрагата, а кога се случи ќе се бараат мерки на претпазливост“, објасни Јанева.

Таа потврди и дека е замрзнат имотот на синовите на поранешната пратеничка Силвана Бонева, како и дека судот донел таква одлука на барање на СЈО, без да оди во детали.

Одговарајќи на новинарско прашање за случајот „Сопот“, Јанева кажа дека СЈО има поинаква теорија за случајот од онаа на обвинителството, но додаде дека е во предистрага и не може да каже ништо повеќе околу тоа.  

 

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе