Пред Советот на јавни обвинители

Јанева го презентираше извештајот за работата на СЈО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска пред Советот на јавните обвинители го презентираше шестмесечниот извештај за работата на СЈО. По седницата Јанева изјави дека членовите на Советот се задоволни од работата на СЈО и посочиле дека извештајот е исцрпен и со многу детали.

„Поразговаравме за извештајот, за предизвиците на СЈО и за новиот закон за јавно обвинителство. Се договоривме за некои технички работи во врска со новиот извештај. Во суштина тие беа задоволни. Немаше некои посебни недоразбирања. Задоволни се од нашата работа, од постигнатиот успех и од сите предистраги”, рече Јанева и додаде дека доколку ја повикаат ќе го презентира извештајот и пред Собранието.

Шефицата на СЈО денеска два и пол часа го презентираше шестмесечниот изветај пред советот на јавните обвинители. За овој извештај, СЈО доби критики од ОБСЕ за времетраењето на постапките, пречестото одложување на рочиштата и законските рокови кои се ризик за нивно бегст

На прашање во врска со прислушуваните разговори што се објавени од Фејсбук профилот на „Ел Чека”, Јанева рече дека тие се јавно објавени и тој може да ги презема од Јутјуб.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе