Средба на бугарскиот премиер со словенечкиот амбасадор во Софија

Јанев смета дека земји од ЕУ ја толерираат Македонија и ја обвинуваат Бугарија

Европските партнери на Бугарија заземаат страна, толерирајќи ја Република Северна Македонија и обвинувајќи ја Република Бугарија без реални и  аргументирани основи, му соопштил на словенечкиот амбасадор во Софија Анжеј Франгеш бугарскиот технички премиер Стефан Јанев на средба во  бугарската Влада, на која станало збор за евроинтеграцискиот процес на Македонија.

Техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев денеска на средба во Софија со словенечкиот амбасадор во Бугарија Анжеј Франгеш, ја потврдил бугарската принципиелна поддршка за европската перспектива на Република Северна Македонија и Република Албанија, посочувајќи ја неопходноста од поефикасен дијалог и реална волја за решавање на прашањата меѓу Република Северна  Македонија и Републока Бугарија, соопшти кабинетот на бугарскиот премиер.

Во соопштението се вели дека акцентот на разговорите во поглед на евроинтеграцискиот пат на Македонија бил ставен врз барањето да бидат исполнети ангажманите во билатералниот договор, но и да се преземат реални активности во врска со заштитата на човековите права и осуда на говорот на омраза.

Јанев на средбата истакнал дека „европските партнери на Бугарија заземаат страна, толерирајќи ја Република Северна Македонија и обвинувајќи ја Република Бугарија без реални аргументирани основи. Тој и додал дека како премиер мора да води грижа за националните интереси на Бугарија.

Јанев и Франгеш исто така го разговарале за почетокот на словенечкото претседателство со ЕУ, истакнувајќи дека ЕУ треба да биде надежна и сигурна Унија, способна да обезбеди стабилност во нејзиното соседство.

Во тој контекст била истакната клучната улога на трансатлантската соработка и перспективите за развој на државите од Западен Балкан

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе