Бугарскиот премиер за МИА

Јанев: Договорот меѓу Скопје и Софија се реализира бавно, историската комисија не постигна ништо

Решението на прашањето меѓу двете земји е во политичарите. На историчарите не треба да им се остава да бидат предводници во политиката, затоа што политиката е одговорност на владите, вели бугарскиот премиер Стефан Јанев во интервју за МИА.

Тој смета дека двете влади треба да седнат и прагматично да разговараат што може да се направи, за да се постигне решение.

„Историчарите се луѓе на науката. Според мене, луѓето од науката треба да се занимаваат само со наука, да си ги докажуваат тезите, и се разбира, врз база на факти и докази со неопходната сериозност и одговорност. Но ним не треба да им се остава да бидат предводници во однос на политиката, затоа што политиката е одговорност на владите. Политиката е одговорност на извршната власт, којашто одговара на потребите на граѓаните. Потребите на граѓаните се дефинираат преку гласање на соодветните избори, односно решението на ова прашање е во политичкиот живот и во владите на двете држави”, изјавил Јанев.

Според него, исполнувањето на Договорот за добрососедство се одвива бавно, додека Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања не постигнала ништо во нејзиното работење.

„Да, кажавме дека таа Комисија треба нешто да постигне, но очигледно е дека таа ништо не заврши. Тоа беше јасно уште првата, втората година. Треба да чекаме уште пет години таа комисија да постигне нешто? Според мене, тоа не е реално”, додава Јанев.

 

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе