Јанчев: Мислам дека пак ќе бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кавадарци, ги надминавме несогласувањата со Мицкоски

Мислам дека ќе бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден мандат, вели градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој на оваа функција пред четири години беше избран како кандидат на ВМРО- ДПМНЕ, но во меѓувреме се разиде со партиското раководство, предводено од Христијан Мицкоски, по што беше разрешен од потпретседателската функција во опозициската партија.

Како што вели Јанчев за ТВ 24, ги надминале несогласувањата со Мицкоски.

„Секој можен противкандидат кој може да направи за Кавадарци, би дозволил да има дискусија, не би именувал никој. Не мора да се каже дека ако некое име се врти сега, не значи дека тој ќе е противкандидат за градоначалник. Јас не верувам дека има шанси ВМРО-ДПМНЕ да не ми ја даде довербата“, вели тој.

Според него партијата треба да се соедини за да се направат добри резултати на наредните локални избори.

Разликите во мислењето треба да го ставиме настрана, за доброто на граѓаните, порача Јанчев.

„Имаше моменти кога имавме послаба комуникација со Мицкоски, но сега имаме поинтензивна комуникација. Од раководството не сум слушнал да ме критикуваат дека сум одработувал за власта, никогаш не сум работел против партијата, во иднина сакаме нормализирање на соработката во сите општини, без разлика кој ќе е во централната или локалната власт“, изјави Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе