Реакција

Јанчев: Ќе ја преземам ВМРО-ДПМНЕ. Муцунски: Можеш да преземеш АД не и партија!

 ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија, а не акционерско друштво за да се преземе, му порачува Тимчо Муцунски, новиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на бизнисменот Митко Јанчев, поранешен потпретседател на партијата.

Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци во интервју за „Фокус“  најави дека ќе ја преземе партијата.

„Кога Митко Јанчев ќе го преземе ВМРО – ДПМНЕ, секојдневното функционирање на партијата ќе се движи во еден сосема поинаков правец, а тоа значи европеизација, демократизација, економија и просперитет за секој еден граѓанин во нашата земја“, изјави Јанчев.

Еве што на ова му одговори Муцунски.

„За мене терминологијата е многу значајна. ’Преземање‘ се прави на корпоративен ентитет. Постојат повеќе видови на преземања коишто ги познава современото корпоративно управување. За разлика од корпоративниот свет, во науката за политиката и политичката пракса статусот/функцијата во демократските земји се здобива преку демократски методи. ’Демократија‘ и ’преземање‘ се веројатно два најдалечни поими во еден современ политички систем. Во таа смисла, ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво, туку политичка партија. Оттука, легитимитетот го дава и го одзема највредниот дел од партијата – членовите“, напиша Муцунски на Фејсбук.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе