Јанчев и Тодоров ќе помагаат против опструкциите на Мицкоски, Заев очекува над 80 пратеници „за” уставните амандмани

Градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев вели дека на средбата со премиерот Зоран Заев во саботата на која бил и Никола Тодоров се разговарало за процесите и политичките случувања што се во тек и оти ветиле дека ќе помогнат во делот на уставните амандмани.

„Во саботата се сретнавме со премиерот Зоран Заев во еден струмички хотел на негово барање, да разговараме за процесите што се во тек и политичките случувања”, изјавил Јанчев за ТВ 24.

Тој тврди дека на средбата воопшто не бил споменат притворот на Сашо Мијалков и оти тоа е процес кој го водат правосудните институции и во што тие не се мешаат.

„Ветивме помош против опструкциите од страна на Христијан Мицкоски во делот на уставните амандмани во интерес на државата. Тоа ќе биде транспарентен процес без задни намери за никого. Јас како Митко Јанчев очекувам што повеќе пратеници да се вклучат во процесот на уставни измени сѐ со цел да се подобри Договорот од Преспа и да се зајакне идентитетот за доброто на сите граѓани на Република Македонија”, вели Јанчев.

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека на средбата во Струмица, каде што тој ги повикал на кафе Јанчев и Тодоров разговарале за Координативното тело за помирување, реформи и реинтеграција. 

„Намерата е покрај завршување на процесот на уставните амандмани, преку можно максимално негово вградување колку што е можно повеќе во политичкиот естаблишмент. Тоа го правиме, заради тоа што, јасно изразената одговорност од Никола Тодоров и градоначалникот Митко Јанчев, верувам дека може многу да охрабри одредени пратеници кои што знаат кој е исправниот чекор, а сѐ уште немаат доволно храброст да го направат тој чекор. Навистина, ќе сторам сѐ за реализирање на овој процес, имаме максимална консолидација во општеството, во врска со ова исклучително важно прашање за Република Македонија, а тоа се уставните амандмани. 

Верувам дека можеме бројката од 80 пратеници да ја зголемиме многу повеќе. Затоа што и таа бројка од 80, која што беше овозможена при првото гласање беше само за тогаш и никој не може да каже дека таа бројка ќе опстојува. Јас искрено се надевам дека бројката ќе расте”, рече Заев.

На прашањето дали тие уште имаат влијание врз пратениците бидејќи се исклучени од партиските органи, а Тодоров и од партијата, Заев вели дека нивното влијание не е од политички позиции во партијата, но тие се чувствуваат како ВМРО-ДПМНЕ и верува дека комуницираат со многу пратеници, како што потврдиле.

 

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе