Кривичен суд

Јанакиески оди во куќен притвор, Ристовски останува во Шутка

Кривичниот суд вечерва соопшти дека е прифатена жалбата на Миле Јанакиески на решението на судија напретходна постапка и мерката притвор му се заменува со мерка куќен притвор. Жалбата на Спиро Ристовски не е прифатена и тој останува во притвор во Шутка. 

„Постапувајќи по жалби на одбраната на М.Ј. и С.Р. изјавени против решенија на судија на претходна постапка за прифаќање на предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со кои решенија им се определи мерка притвор во траење од 30 дена, Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска одржа јавна седница во присуство на странките.

По произнесување на странките, како и ценење на фактите и доказите приложени во жалбите и решенијата на судија на претходна постапка, советот донесе решенија со кои:

Жалбата на обвинетиот М.Ј. се уважува, а решението на судија на претходна постапка се преиначува со тоа што спрема обвинетиот се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините од член 165 ст.1 т.1 и 2 од ЗКП и се забранува на обвинетиот комуникација со лицата опфатени во кривично правниот настан без дозвола од судот.

Жалбата на обвинетиот С.Р. се одбива како неоснована и се потврдува решението на судија на претходна постапка”, пишува во соопштението од судот.

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе