За Националниот ден на Грција

Јанакакис: Ќе ја поддржиме Северна Македонија како добри соседи и пријатели

Како резултат на историското потпишување на Преспанскиот договор и неговата ратификација во двата парламенти во односите меѓу Грција и Северна Македонија минатата година имаше, дотогаш невиден развој Сега ќе биде важно да се спроведе стратешкото партнерство воспоставено со Договорот од Преспа, изјави грчкиот амбасадор Димитрос Јанакакис на денешниот прием организиран по повод 25 Март, Националниот ден на Грција. 

„Подготвени сме да ја поддржиме Северна Македонија како добри соседи и пријатели и да го понудиме нашето искуство и експертиза додека земјата оди кон нејзиното интегрирање во европските и евроатлантските организации”, рече Јанакакис во обраќањето на приемот на кој присуствуваа премиерот Зоран Заев, министри во Владата, дипломатскиот кор, грчкиот заменик-министер за надворешни работи Маркос Боларис, како и истакнати стопанственици и други јавни личности.

Тој додаде дека двете земји веќе имаат многу важни односи во многу области што е потврдено и со присуството на повеќе грчки компании и фактот дека Грција е трет по големина инвеститор во Северна Македонија и втор најголем трговски партнер.

„Сега имаме можност да сториме многу повеќе. Преспанскиот договор повикува на развој на соработката во многу области. Оваа соработка ќе биде многу корисна за двата народа, нашите општества, а особено за нашите млади луѓе и може да биде многу плодна во пракса за нашите граѓани. Ова се покажува и со неодамнешното потпишување на Договорот за отворањето нов граничен премин помеѓу Лемос и Маркова Нога во регионот на Преспа и со потпишувањето на Меморандумот за разбирање за намалувањето на роамингот пред јули годинава. Има уште многу да се стори. Верувам дека наскоро ќе видиме повеќе резултати во пракса. Како Канцеларија за врски што наскоро ќе стане амбасада ќе помогнеме колку што е можно повеќе”, порача Јанакакис.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе