Локални избори

Јакимовски: Одaм во вториот круг за победа во Карпош

Очекувам поддршка од граѓаните во вториот круг од изборите за градоначалник на Карпош, очекувам и поддршка од опозициските сили што учествуваа на овие избори, изјави за МКД.мк лидерот на Гром Стевчо Јакимовски. Тој вели дека според преброените гласови тој остварил предност од 227 гласови во однос на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Зафировски, кој испаѓа од трката за прв човек на Карпош. Предноста на кандидатот на СДСМ Душко Весковски, кој освои најмногу гласови, ќе биде убедливо надмината, вели Јакимовски.

„Во штабот на Гром се слави бидејќи јас влегувам во вториот изборен круг и убеден сум дека ќе се вратам на градоначалничката функција зашто ќе ја добијам довербата на граѓаните кои паметат како се работело во општината кога јас ја предводев“, вели Стевчо Јакимовски.

Тој нагласува дека неговиот пласман во вториот изборен круг е потврден уште доцна синоќа кога се споредени резултатите од аналитичките центри и на Гром и на ВМРО-ДПМНЕ, но и според сознанијата добиени од другите штабови.

„И досега добивав поддршка од симпатизери на сите политички опции кои пред се го имаат предвид развојот на општината, па така и сега очекувам за мене во вториот круг да гласаат и симпатизери на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на Левица, како и на други партии и на невладините симпатизери кои предвид ја имаат еколошката димензија“, вели Јакимовски.

Инаку, на веб страницата на ДИК во моментов останува да се обработат уште четири отсто од гласачкиот материјал, а според тие податоци, Весковски има предност од околу 2.500 гласови пред Јакимовски.

Гром на Стевчо Јакимовски е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но на изборите во Карпош лидерот на оваа партија реши самостојно да настапи.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе