Прес-конференција на СДСМ

Јајоска: Арсовска покажува тотална негрижа за граѓаните на Скопје

Првата штетна одлука на Данела Арсовска беше прекинување на проектот за Бас рапид транзит, за кој беа обезбедени средства преку заем од Европската банка за обнова и развој, потоа таа троши 670 илјади евра за вдомување на партиски кадри во Градот и институциите, а меѓу другото, одби да им помогне на граѓаните во врска со парното греење, рече на прес-конференција советничката во Град Скопје Рената Јајоска.

„На предлог на Арсовска управните и надзорните одбори на јавните претпријатиа и установи во Град Скопје се пополнија со кадри од ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Данела Арсовска годинава ќе потроши 670.000 евра за да вдоми 109 кадри на ВМРО-ДПМНЕ во градската администрација. За само 10 дена Арсовска смени двајца директори на ЈП Градски паркинг и постави бивш разузнувач кој е крајно некомпетентен за функцијата што му е доверена. Арсовска одби Градот Скопје финансики да го помогне субвенционирањето на парното греење и во сред криза ги игнорира проблемите на скопјани“, рече Јајоска.

Таа нагласи дека наместо бесплатен јавен превоз дека ЈСП воведе билет од 120 денари, а потоа бара пари од Владата за покривање на трошоците за гориво.

„Арсовска две недели молчи и не одговара кој и со чии пари ја организрал и финансирал новогодишната ноќ на градскиот плоштад. Ова е учинокот на Арсовска во првите месеци од мандатот. Наместо работа, проекти, се што Арсовска прави е прекинување проекти, партизација на Градот и штури оправдувања за нејзиното не работење. Скопје и скопјани не заслужуваат ваква градоначалничка“, нагласи Јајоска.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе