Една година по Преспанскиот договор

Ја загубивме битката, сѐ стана северномакедонско: народ, граѓани, езеро, влада, претседател, ракометари...

Очигледно е дека упатството на македонското Министерство за надворешни работи до домашните и странските новинари за тоа дека по Преспанскиот договор ќе се употребува придавката македонски, а дека нема да смее да се употребува придавката северномакедонски, остана само празно ливче хартија. Придавката „северномакедонски“ само една година по потпишувањето на договорот стана главниот атрибут за граѓаните на Македонија, за претседателот, за владата, за Охридско Езеро, за војниците, за воздушниот простор, за виното, за градежните компании...

Пред и по потппишувањето на Преспанскиот договор, македонскиот премиер Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, главните актери на овој договор со Грција, нѐ убедуваа дека, покрај другото, договорено е придавката северномакедонски да не се употребува. Дека идентитетот на овој народ е зачуван.

Наспроти нив, грчкиот премиер Алексис Ципрас, во мај во интервју за Фајненшл тајмс рече: „Изгледаше дека единствената разлика е името. Но не беше само името во прашање - во прашање беше нашата историја и нашиот идентитет“.  Тоа што секогаш го велеа и противниците на овој договор, ама од македонска страна.

Гугл

Со проста операција за пребарување на вестите на Гугл, веднаш ви станува јасно дека, едноставно, оваа битка е загубена. Голем дел од светските медиуми придавката северномакедонски ја употребува кога треба да ја реферира македонската влада, македонскиот претседател, македонското собрание, македонското Охридско Езеро, македонските закони...

Се сеќавам како претставници на Владата, непосредно по потпишувањето на договорот, ги убедуваа македонските новинари дека власта едноставно нема да го дозволи ова. Ни беше дадено и едно упатство како во иднина ние не треба ги употребуваме овие атрибути. Ова упатство им било поделено и на странските новинари. Од Министерството за надворешни работи ни велеа дека веќе е почната нивната акција за постојано надгледување на употребата на овие придавки по светските медиуми и нивно укажување да се држат до упатството. 

Во тоа упатство, кое и натаму е на интернет-страницата на македонското МНР, стои дека најљубезно се молат новинарите да ги употребуваат следните термини: „Република Северна Македонија или кратко име: Северна Македонија; националност (државјанство) - македонско/граѓанин на Република Северна Македонија; oфицијален јазик -македонски јазик; кодови за земјата - МК  и МКД. Придавката „македонски/o/a да се употребува кога е поврзано со етнички и културен идентитет за народот, нашиот јазик, историја, култура, наследство, територија и останати особености. Ваквите термини во овој контекст се особено различни од оние што се употребуваат и се поврзани со регионот на Македонија во Грција. Други придавки,  вклучително и „Северно македонски”,  „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат. Придавната форма за државата, нејзините официјални органи и другите јавни институции, како и приватните ентитети и актери што се поврзани со државата, воспоставени со закон, и уживаат финансиска поддршка од државата за активности во странство, треба да биде: „на Република Северна Македонија” или „ Северна Македонија”. Придавните форми за активности исто така можат да бидат „македонски/о/а”. Правилни примери: македонска економија, здравствен сектор на Република Северна Македонија, македонска уметност, македонска музика, македонско земјоделство, македонска архитектура, прехранбена индустрија на Северна Македонија... Неправилни примери - други придавки, вклучително и „Северно македонски”, „С. Македонски” и „СеверноМакедонски”, не треба да се употребуваат во овие случаи“.

Од МНР велат дека по нивното укажување на непочитувањето на ова упатство, најголем дел грешки се отстрануваат.

До овој момент е реагирано на околу 120 текстови на медиуми, НВО-а, тинк тенкови, државни институции... Во најголем дел промените се веќе направени, кај некои сѐ уште се чека на промена. Анализата покажува дека најголемиот дел од грешките се ненамерни и со оние организации со кои стапуваме во контакт, промената ја прават релативно брзо. Тимот кој работи на ова секојдневно ги следи медиумите за потенцијални грешки во однос на придавката и врз основа на тие информации, соодветно и редовно реагираме“, се вели во одговорот на МНР за МКД.мк.

Сепак, бројките на пребарувачот Гугл само за англискиот јазик „убиваат“. Стравувањата дека новото име нема да остане само прашање на географска одредница, туку длабоко ќе навлезе во идентитеските прашања - се остваруваат.

А.Д.

Еве и други примери:

Тајм

Траст

Ватикан њуз

Фајненшл тајмс

Гугл

Јуроњуз

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе