Човекови права

Извештај на Стејт департмент за Македонија: Ограничена независност на судството и висока корупција

Сериозен проблем за човековите права во Македонија претставуваат ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање, што и натаму ја спречуваат ефикасноста на корупцијата. За човековите права сериозен проблем претставуваат и високата корупција и насилството кон ЛГБТ заедницата, се вели во извештајот на американскиот Стејт Департмент за човековите права во Македонија за 2019 година.

Во извештајот се вели дека во земјата има законски казни за корупција на службените лица и функционерите, но иако владата генерално го спроведува законот, има случаи на функционери кои се вклучени во корупција. Невладините организации укажале дека доминантната улога на владата во стопанстовото создава услови за корупција, затоа што „владата е најголемиот работодавач во државата“.

Основните права на граѓаните во Македонија, се вели во извештајот, главно биле почитувани изминатата година. Стејт департментот оценува дека минатогодишните претседателски избори биле добро спроведени, но во „услови на недоверба во институциите и во политичкиот естаблишмент“.

За разлика од порано, Владата повеќе ја почитува судската независност и има подобрувања со оглед на пресуди по случаите на СЈО. Во извештајот не е заборавен и случајот „Рекет“ споменат во делот за корупцијата, а споменета е и Катица Јанева и сомневањата за злоупотреба на функцијата.

Стејт департментот во извештајот напоменува дека има функционери вмешани во корупција. Регистриран е напредок во областа на медиумите, иако се потребни напори за саморегулација. Забележана е и слабата независност на медиумите и насилството и заканите кон новинарите. Нема напредок во подобрувањето на работните и социјални права на новинарите, чии работни услови се многу лоши. Новинарите сè уште практикуваат самоцензура, се вели во извештајот.

ЛГБТИ заедницата останува маргинализирана, а скопското обвинителство останува неефикасно во процесуирањето на постоечките случаи на говор на омраза и напади против припадници на оваа заедница, се вели во годишниот извештај на Стејт департментот за човековите права во Македонија за 2019 година.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе