МВР

Изречена најстрога дисциплинска мерка за советникот на Чулев

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев го прифатил предлогот за донесување решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка и е потврдена предложената дисциплинска мерка за Зоран Ѓоргевски, советник во кабинетот на Чулев.

На советникот во кабинетот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, Зоран Ѓоргевски во текот на вчерашниот ден, по предлог на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди му беше изречена суспензија од работното место.

„Во текот на денешниот ден, по иницијатива на истиот оддел беше спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност при што од страна на дисциплинска комисија до министерот за внатрешни работи беше доставен предлог за донесување на решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка. Предлогот е прифатен од страна на министерот Чулев и за гореспоменатото лице е потврдена предложената дисциплинска мерка“, се вели во соопштението од кабинетот на министерот Чулев.

Оттаму потсетуваат дека во текот на изминатиот период во неколку наврати министерот Чулев потенцираше дека законите се спроведуваат неселективно, без разлика на партиската, верската и национална припадност, а постапувањето во конкретниот случај е уште една потврда за таа заложба.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе