Пред Самитот во Брдо кај Крањ

Изразена посветеноста за проширување на ЕУ, смета Заев по средба со Макрон, Меркел и Радев

Премиерот Зоран Заев во рамките на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо кај Крањ, оствари заедничка средба со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Франција и Бугарија, Емануел Макрон и Румен Радев. На средбата, според владиното соопштение, е изразена посветеноста на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со што е потврден стратегискиот интерес на Унијата за ова прашање.

Како што соопшти владината Прес-служба, на средбата, на која присуствувал и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, Заев изразил благодарност за оваа определба и потенцирал дека е од огромно значење што лидери, како претседателот Макрон и канцеларката Меркел, преземаат чекори со кои ги помагаат изнаоѓањата на решенија за билатералните спорови, кои влечат корени од минатото.

„На средбата премиерот Заев го поздрави лидерството на претседателот Макрон и канцеларката Меркел и им се заблагодари на Франција и Германија, кои гледаат напред кон иднината и што помагаат при решавањето на балканските спорови од минатото. Премиерот Заев на средбата ги изрази очекувањата и јасните определби на македонските граѓани за европска иднина на својата земја, потенцирајќи дека итно се потребни европски чекори од страна на сите земји членки на ЕУ со цел да не се дозволи разочарување на нашиот народ, а со тоа и зголемување на ризиците од засилување на ретроградните националистички струи“, се наведува во соопштението.

За време на разговорот е изразени и заедничката подготвеност и интерес на Северна Македонија и на Бугарија да продолжи дијалогот меѓу двете земји со намера да се дојде до решение.

Претходно денеска, пред почетокот на Самитот на ЕУ за Западен Балкан што се одржува во Брдо кај Крањ. премиерот Заев одржал заедничка средба со првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, словенечкиот премиер Јанез Јанша и бугарскиот претседател Румен Радев.

При тоа, Заев упати порака дека „народите на Западен Балкан очекуваат декларациите на ЕУ да се преточат во дела и ако ЕУ не дејствува, разочарувањата кај народите од регионот ќе бидат непоправливи и на огромна штета на големата европска идеја за заедништво и соработка".

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе