Измените во Законот за попис уште утре одат во Собрание со европско знаменце, Маричиќ не очекува блокада

Измените на Законот за попис со кој ќе се одложи пописот се подготвуваат и денеска треба да бидат усвоени на владина седница, а утре изменетиот закон треба да биде испратен во Собранието со европско знаменце и по скратена постапка, како што беше и првично предложен, најави министерот за правда, Бојан Маричиќ.

На денешната прес-конференција тој објасни дека се работи за мали измени на законот, датумот на пописот и рокот за попишување на дијаспората, па не било потребно многу време за да се напишат.

„Измените ќе ги дадам на седницата на Влада која е закажана денеска, каде ќе предложам веднаш да бидат испратени во Собранието. Датумот на пописот е во една одредба и, наместо од 1 до 21 април, ќе го ставиме од 5 до 30 септември и делот дека дијаспората ќе може да продолжи да се попишува од 1 март, кога почна, до 30 септември, кога треба да заврши теренскиот дел на пописот“, изјави Маричиќ.

Тој не верува дека има каков било вид на блокади и рече дека измените ги разгледувал со директорот и заменик-директорот на Државниот завод за статистика, па очекува пратениците со добра организација да го усвојат утре.

„Очекувам, доколку Владата ги усвои на денешната седница, веднаш да ги испратиме во Собранието. Доколку претседателот на Собранието и координаторите направат добар план, сосема е изводливо во наредните денови, односно утре, овој закон да биде усвоен“,

изјави Маричиќ.

Договор за одложување на пописот постигнаа вчера претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Во меѓувреме, ќе тече самопопишувањето на дијаспората, односно македонските државјани во странство ќе може да се попишуваат до крајот на септември, со оглед на тоа што овој процес е веќе почнат.

Заев вчера кажа дека биле консултирани претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот Стево Пендаровски, министерот за правда Бојан Маричиќ и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, но и најголемите коалициски партнери на СДСМ, ДУИ и Беса. Денеска пак, Алијанса за Албанците и Алтернатива, излегоа со став дека се против одложување на пописот и дека ќе го спречат тоа.

 

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе